На кафе со Џокси

Првото кафе го пијам со...

Има многу причини зошто сам, зошто со некој близок или пријател/и. Се зависи од моменталното расположение. Ако станам на лева нога излагам, шетам да ја намалам напнатоста, и по половина час седнувам во најблиската кафетерија, не бирам која. Макијатото ми е коњак, но и црното кафе со кајмак е по мој вкус. Ако сум во арните, пицеријата Бимотис ми е првата станица и со мајстор Сале уз кафе ги чешламе сите теми што ќе ни паднат на ум, најчесто видеата што ни праќа нашиот пријател Спале кои се од различен карактер. Има тука смеење како за почеток на денот, а тоа е најбитниот момент, со полни батерии да тргнеш во реализација на дневните задачи.

Скопје е најубаво во...

Дефинитивно во октомври, кога природата ќе ја распостели сета своја убавина од бои. Водно добива една убава златно-жолтеникава боја која смирува, која наговестува периоди на резиме на се она што ви се случило летото, на убавите нешта, но и на оние лоши кои служат како опомена да не се повтрат.

Викендите во Скопје се посебни затоа што....

Па не знам дали се баш посебни. Но, ако домашните обврски ги прават викендите нешто посебни, тогаш навстина е така ... Градскиот парк ми е омилен за прошетки, тука е и кејот, па завршувам во Пелистер. Често Матка ми е дестинација каде што со една група музичари знаеме и да засвириме, запееме и да се потсетиме на минатите убави моменти кога во Скопје имаше еден куп групи и забави ... Одамна не сум бил во театар, ќе треба да свртам некое кругче ... Генерално, ако знаеш што со себе, не ти треба некој план за да ти биде викендот посебен.

Најубавиот кафе муабет ми е со...

Вики. Не често кафето ни е загорчено од оние кои живеат со убедувања дека од нив почнува светот, и секогаш бараме начин како да се игнорираат и надминат дволичните. Никогаш не сме се поставиле осветнички према оние кои ни направиле зло, но ако пукне филмот, тука нема пардон. Почести ни се деновите на убавиот, конструктивниот муабет проткаен со смеа на која и соседите ни завидуваат.

На Скопје му недостасува...

Не се расфрлам со идеи, можат политички да се злоупотребат. Има работи што му фалат, но сите сакаат да имаат навивачка група како РК Вардар – Комити.

Off White X Vapormax Flair