На кафе со Давор Панчевски - Dave’s Kitchen

Автор на “Гответе насмеани” и “Најдоброто од македонската кујна”. Во моментов најактуелниот македонски готвач, со илјадници фанови на социјалните мрежи секојдневно со нетрпение  очекувајќи ги неговите објави на креативни и превкусни рецепти.

Како го започнувате денот? Со кого го пиете првото кафе?

Денот го започнувам прилично рано. Веќе во 7 и 30 го пијам и првото утринско кафе.
Во зависност од обврските може да се случи првото кафе да го испијам и на некој деловен состанок, а најчесто го пијам подготвувајќи ја агендата за денот.

Која е вашата асоцијација на скопско утро?

Свежо сварено кафе и мирис на липа. Нешто што во кое најмногу уживам во Скопје.

Во кој период од годината Скопје Ви мами најмногу насмевки?

Дефинитивно пролетта кога се се буди од зимскиот сон, кога на пазарите можам да најдам еден куп свежи состојки со кои можам да креирам вкусни, креативни и презентативни рецепти, а потоа да ги споделам со фановите на моите социјални мрежи.

Викендите во Скопје се посебни затоа што..

.. тие се единствените денови во неделата кога имаме време да се видиме со сите оние кои ни значат и да подготвиме нешто вкусно, домашно и заеднички да уживаме во вкусовите на домашната кујна.

На Скопје му недостасува…

Поголема љубов од нас граѓаните. :)

Скопје во само три зборови…

Градот на липите..

На крајот, кои се вашите следни работни ангажмани, на какви/ кои проекти ќе работите оваа есен?

Штотуку го лансирав мојот YouTube канал каде што постојано ќе споделувам видео рецепти за моите фанови. Перидов ќе се посветам токму на креирањето видео рецепти за да им биде полесно на сите оние кои ме следат во подготовката на истите. J