На кафе со Анита Никова

Извршен директор на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ

Како го започнувате денот? Со кого го пиете првото кафе?

Денот ми започнува активно, со детски џагор, детско спремање, а понекогаш и детска борба. Потоа продолжува посмирено, бидејќи сопругот ги носи децата во градинка, а јас го пијам првото утринско кафе и се подготвувам за на работа, во мир . VH1 оди во позадина на ТВ, го гледам распоредот за денот и се разбира, на крајот ми снемува време, па брзам накај работа.

Која е вашата асоцијација на скопско утро?

Најчесто имам координација со тимот, се договараме за обврските во текот на престојниот ден. Доручкувам пред компјутер, со полн тањир мусли. Телефонот постојано ѕвони, радио оди во позадина.. Имам среќа бидејќи живеам блиску до работното место, па мојата утринска гужва не е од сообраќаен карактер.

Во кој период од годината Скопје Ви мами најмногу насмевки?

Пролетта е дефинитвно најава за нешто ново, миризливо и убаво. Пролетта е најава за време поминато надвор, најава за летото, најава за јагодите и црешите.

Викендите во Скопје се посебни затоа што..

Денот е исполнет со семејството, со пријателите, со фамилијарни прослави и моменти. Со ништо не може да се замени времето поминато со најблиските, тоа ја храни душата.

На Скопје му недостасува…

Зелена површина, отворени локации за играње за деца..

Скопје во само три зборови…

Сите кои ги сакам се тука...

На крајот, кои се вашите следни работни ангажмани, на какви/ кои проекти ќе работите оваа есен?

Во МАСИТ ни престои есен исполнета со настани, патувања и куп доживувања. Привилегија е да се работи во ИКТ секторот, и да се поминува време со најпаметните.