На Хрватска и требаат 16.000 работници, од странство: Еве кои струки се бараат

Околу 20.000 металци од Хрватска заминале во Италија, Германија, Холандија, Австрија и скандинавските земји во последните неколку години. 

На Хрватска ќе и требаат 16.000 странски работници, а слободни се 26.000 работни места. 

Се бараат готвачи, келнери, возачи, економисти, медицински сестри, чистачи, продавачи и работници за во кујна. 

Се оценува дека луѓето од странство ќе се вратат за да работат во Хрватска ако платата им се покачи на нето 1000 евра. 

Синдикатите не се против странски работници, затоа што е важно да се заврши работата, но сметаат дека платите мора да се зголемат. 

Илјадници сезоски работници доставиле барања за работа и чекаат да почнат. 

Тие бараат работа во туризам, угостителство, бродоградба, металска индустрија и градежништво.