На Хиподром Меѓународен коњички турнир во прескокнување пречки

На терените на коњичкиот центар „Хиподром“, денеска и утре ќе се одржи вториот по ред меморијален куп „Др. Јосиф Наумовски – Меѓународен турнир во прескокнување пречки“ на кој ќе учествуваат гости и натпреварувачи од Бугарија, Србија, Албанија, Хрватска, Турција, Романија, Словенија и Грција.

Програмата на турнирот, организиран од Федерацијата за коњички спортови и Клубот за коњички спортови Илинден од Скопје, опфаќа вкупно шест натпревари, односно по три натпревари дневно.

На него, според организаторите, ќе настапат 50 до 60 натпреварувачи, а со цел подигање на нивото и квалитетот, како на натпреварите, така и на организацијата, поканети се судии со меѓународна судиска лиценца, како и меѓународно сертифициран уредувач на паркурите.