На Еврофест 2017 ќе се пее во чест на Тоше

На 21 издание на Еврофест, кое ќе се одржи утревечер во Домот на АРМ со почеток од 20 часот, победниците на европските фестивали ќе пеат во чест на Тоше Проески.

Фестивалот годинава се одржува во спомен на 10-годишнината од трагичната смрт на Проески, кој на овој фестивал во далечната 1998 година ја однесе победата со песната "Сонце во твоите руси коси". 

Интернационалната Шоу-програма ЕВРОФЕСТ—2017 ќе ја отвори Роберт Кефаи, генерален секретар на ВАФА, а на бугарската естрадна sвезда Захари Чернев ќе му биде доделена наградата за животно дело.