На ѕидот се уште стои “Те сакам Југославија“: Ќе го врати ли СРЦ Сарај поранешниот сјај?

СРЦ Сарај сега е само во спомените на граѓаните. Базенот е запоставен и претворен во голема депонија. Жителите носталгично се сеќаваат на моментите кога за влез се чекало ред.

„Тука доаѓаа многу луѓе, имаше базен убаво си поминувавме, но потоа центарот се затвори. На времето беше многу уредено, се беше супер. Сега е катастрофа, нема ништо внатре“, за Алсат обајснува еден граѓанин.

Освен за базенот, граѓаните кои се одмораат во паркот на Сарај се жалат и за запоставување на инфраструктурата и недоволната грижа за хигиената.

“Тогаш беше многу добро, но тогаш имаше држава, беше Југославија во која имаше ред, а не како сега во Македонија. Базенот работеше до 84-85 година, а сега е пусто. Има инвеститори кои сакаат да дојдат и да инвестираат, но тоа не го дозволуваат криминалците. Кој ќе ви дозволи? Ние немаме ниту општина, ниту држава“, вели еден жител на Сарај.

Од општина Сарај се правдаат дека центарот е сопственост на Владата и дека таа треба да реши за неговата судбина судбина. Иако базенот е руиниран, на дел од ѕидот се уште стои спомен од поранешната држава – пишува “Те сакам Југославија“.