На брегот на Смилковското Езеро: Свети 40 Маченици во Севастеја

Свети 40 Маченици во Севастеја e македонска православна црква на брегот на Смилковското Езеро , на местото викано Кршиколе или Крст, до обиколницата на Скопје , подигната во чест на петте млади момчиња што загинале во терористички акт во 2012-та.

Црквата е подигната по иницијатива на месните заедници  Стајковци , Смилковци , Црешево и Виниче со благослов на  господин господин Стефан .

Црквата во основата е 150 м2 со уреден парк од 6.000 м2, а околу црквата има камбанарија, голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените. Проектот е изработен од градежната фирма Жикол. Темелите биле осветени на 23-ти февруари 2013-та  година.