На Балканот се шири смртоносна бактерија, ја има во замрзнатиот зеленчук

Албанија, Бугарија, БиХ, Грција, Словенија, Хрватска се земјите од регионот од кои никако не смеете да купувате замрзнат зеленук и замрзната пченка ако забележите дека имаат унгарско потекло.

Имено, Унгарска фабрика за замрзнат зеленчук и замрзната пченка дистрибуирала во 107 земји производи кои ја имаат бактеријата листериоза, но не и во Македонија.

До 15 јуни годинава во Европа се пријавени се 47 случаи на епидемијата на инвазивна „Listeria monocytogenes“ од кои девет се смртоносни.

На крајот на минатиот месец унгарската канцеларија за безбедност на синџирот на храна ја забранила продажбата на сите замрзнати зеленчукови и замрзнати мешани растителни производи произведени од засегнатата фабрика помеѓу август 2016 и јуни 2018 година, и наредила нивно итно повлекување и отповикување.

Листериозата примарно предизвикува инфекции на централниот нервен систем (менингитис, менингоцефалитис, мозочен апсцес, церебритис) и бактериемија кај оние кои се имунокомпромитирани,бремени жени, новороденчиња, старци како и гастроентеритис кај здрави лица кои консумирале поголема количина во организмот.

Листеријата е сеприсутна во околината и примарно се пренесува по орален пат после внесување на контаминирани хранливи производи, после што бактеријата навлегува во цревниот тракт и предизвикува системски инфекции.

Препораките се пред да конзумирате замрзната храна убаво да ја обработите термички.

air max 90 essential sale