На Балканот има една земја која се граничи сама со себе.

Земја во која живеат најубавите жени, а наталитетот опаѓа.
Земја во која невработените највеќе работат, а на најплодната почва живеат луѓе кои гладуваат.
Земја во која возовите доцнат според возниот ред.
Земја во која сите играат фудбал, а победуваат во ракомет, ватеполо, кошарка или одбојка.
Земја во која сите брзаат за на работа, а никогаш не стигнуваат на време.
Земја во која осумчасовно работно време трае 12 часа.
Земја во која здравството е бесплатно, а лечењето е скапо.
Земја во која новинарите се слободни да го напишат она што ќе им се нареди.
Земја во која светската криза доби државјанство.
Земја во која јавните набавки се тајни, а државните тајни се јавни.
Земја во која војните никогаш не завршуваат.
Земја во која историјата се повторува секој ден.
Земја во која најбогати се оние кои немаат еден ден работно искуство.
Земја во која странската валута е повредна од домашната.
Земја во која луѓето слават слави, а го пцујат Бог.
Земја во која паметните поради недоразбирање се прогласуваат со луди, а лудите за способни.
Земја во која власта ги презира граѓаните како непосакувани свведоци.
Земја во која се живее од иднината, затоа што луѓето немаат право на сегашноста.
Земја во која секој секому се смешка, а никој не мисли добро никому.
Земја во која судските постапки траат подолго од животот.
Земја во која сите посакуваат диктатор, а демократијата мислат дека е за будали.
Земја во која луѓето мислат дека земјата повеќе ќе напредува, ако што повеќе се уназадува.
Земја во која не си нормален ако не полудиш.
Земја во која живееш само за да умреш, земја во која времето е бесконечно, а власта е бесмртна!

*сите сличности се сосема случајни, на која земја и да помисливте – погодивте!