На 80 километри од Сараево: „Еко село“ посветено на Тоше Проески

На официјалната страна на легендарниот Тоше Проески, деновиве објавено дека на околу 60 километри од Сараево има Еко село, наречено „Рај у рају“, кое му е посветено токму на него.

Тоше Проески засекогаш ќе остане непреболена легенда, за која вечно ќе има што да се зборува, раскажува, твори и создава.

Македонците не се единствени кои сакаат и се трудат нешто да направат за нашиот ангел, туку и целата поранешна Југославија на различни начини му оддава почит на покојниот.

Во Еко селото во Сараево на неколку места има табли на кои се испишани стихови од неговите песни. Токму овие стихови влеваат многу емоции кај посетителите.