На 67 лица издадени решенија за изолација, а 84 потпишале изјава за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР по однос на забраната за движење, евидентирано е дека во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци, на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2 лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација. .