На 29 март премиера на филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“

Долгометражниот игран филм „Незаборавна пролет во заборавено село“, во сценарио и режија на Куштрим Бектеши, премиерно ќе биде прикажан на 29 март 2019 година во „Синеплекс“.

Филмот е снимен во селото Ѓономаљ, во Општина Корча (Албанија).

Улогите во филмот ги толкуваат повеќе глумци од Северна Македонија, Албанија, Косово и Бугарија, меѓу кои и Шкумбин Истрефи, Осман Ахмети, Ндричим Џепа, Луан Јаха, Салаетин Билал, Музбајдин Ќамили, Вјолца Бектеши Хамити, Адриана Матоши, Диана Спасова, Хисмет Рамадани, Муса Исуфи, Ервин Бејлери, Ромир Зала, Адриан Азири, Бујар Ахмети, Шенгил Исмаили, Доника Ахмети, Тауланта Јупи, Мона Мустафа, Сокол Хајрулаи, Илире Винца, Веби Ќерими, Адем Карага, Музафер Етеми…

Филмот е во продукција на „Мануфактура Продукција“ (Македонија) со продуцентот Сашо Павловски, во копродукција со „Медиа енд Филм Продукција“ (Косово) со продуцентот Мумин Јашари, „Ска-ндал Продукција“ (Албанија) со продуцентот Генц Пермети, и „Скупифестивал“ (Македонија) со продуцентите Музбајдин Ќамили и Осман Ахмети.

„Незаборавна пролет во заборавено село“ финансиски е подржан од Агенција за филм на Македонија и Центар за кинематографија на Косово, Национален центар за Кинематографија на Албанија, Радиотелевизија на Косово, Македонска радио-телевизија 2 и Радио-телевизија на Албанија.

cheap nike air max 90