На 264 лица издадени им се решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие,  на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.

Како што информираат од МВР од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се по едно лице кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 562 прекршоци.