На само неколку километри од градот, опкружен со зеленило и планината Водно, се наоѓа езерото Треска кое на времето претставувало синоним за атракција.

На само чекор од љубопитните погледи на туристите, на само еден срцев такт од носталгичните приказни на скопјани, на само потег од надлежните власти, на 15 минути од центарот на главниот град, се простираат приказните кои езеро Треска ги има напишано пред многу години.

“Езеро Треска” е изградено во 1978 година со самопридонес на жителите на Град Скопје претставува рекреативна зона која се простира на 136.000 метри квадратни, длабочина од 1,6 до 3 метри и располага со капацитет Езерото било место за релаксирање на скопјани цели 20 години, се до 1998 година кога истото е затворено за капачи поради загаденоста на водата.

Постојано се наслушнуваат секакви муабети околу неговото повторно функционирање како главна летна атракција на скопјани. На местото на некогашните камп-приколки, денес владее пустош, површини обраснати со треви, и по некоја приколка во која живеат семејства кои немаат покрив над главата.