МЗТ Скопје поуспешен од Карпош Соколи

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром постигнаа победа во натпреварот од 9.коло од Супер лигата откако на домашен терен вчера го совладаа Карпош Соколи со убедливи 83:61. Најефикасен на дуелот беше Ксавиер Темс со 20 поени.

Во Гевгелија Работнички го совлада Кожув со 82:75. Најпрецизен беше Ненад Мишановиќ со 23 поени, кој имаше и 13 скокови.

На третиот дуел од 9.коло Куманово го совлада Фени Индустри со 71:65.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 17 бодови, Карпош Соколи 15, Работнички 15, Куманово 12, Кожув 11, Фени Индустри 11