МВР започнува кампања „Среќна и безбедна 2017 година – во семејно и пријателско дружење“

Одделението за превенција при СВР Скопје утре со почеток во 12.00 часот, на платото кај ТЦ Бисер во нас. Аеродром, во соработка со Општина Аеродром, Црвениот крст на Град Скопје и ученици од основните училишта во оваа општина, ќе започне со превентивни активности во рамки на старот на кампањата – „Среќна и безбедна 2017 година – во семејно и пријателско дружење“.

Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повредите од нивната употреба, како и преземање на низа превентивни активности насочени кон одржување и подигнување на општото ниво на безбедност.

Од основните училишта ќе бидат изработени графити и пораки на тема „ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКИ”, цртежи кој ќе бидат изложени пред платото на ТЦ Бисер.

Во вториот дел од кампањата со цел подигање на свеста на граѓаните – посетители на ТЦ Бисер, во соработка со Црвен крст на Град Скопје преку симулација на здобиени повреди од петарди ќе реализираат и показна вежба за давање на помош при повреди предизвикани од злоупотреба на пиротехнички средства.