МВР: Во наредниот период најстрого ќе бидат санкционирани сообраќајните прекршоци

Бројот на жртвите во сообраќајни несреќи во нашата земја постојано расте, покажуваат статистичките податоци. Од почетокот на годината седум лица го изгубиле животот во сообраќајни незгоди.

Поради тоа потребна е соодветна национална стратегија за спречување на ваквиот негативен тренд. Поддржувајќи ги најавените мерки од МВР, експертите сметаат дека за изготвување на таков стратешки документ потребно е да се консултираат сите надлежни институции. 

Митрески смета дека најавените мерки треба да бидат интензивирани во најкритичните периоди од денот.

Следејќи ја недисциплината во сообраќајот, од МВР најавија дека во наредниот период најстрого ќе бидат санкционирани сообраќајните прекршоци кои се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол и возење со брзина над дозволената. Најригорозно ќе биде санкционирано и неовластеното вградување и користење уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци во возилата, т.н. флешери.