МВР: Викендов поголема контрола за време на Полицискиот час

Денеска и утре повеќе полиција на улиците. Полицискиот час во сабота и недела започнува од 16 часот и трае до утре дента до пет наутро. Минатиот викенд МВР регистрирало непочитување на забраната за движење па затоа овој викенд низ државата ќе има значително повеќе полиција во однос на минатата сабота и недела.

Јас направив паралела со изминатиот прв викенд кога имаше ограничување на движењето, кога имавме значителен пораст во непочитување на забраната за движење. Но добро тоа е одраз и на поголемата саатница, меѓутоа овој викенд очекуваме дека граѓаните ќе манифестираат многу поголема совесност и ќе ја почитуваат мерката за забрана а јас ќе ги информирам дека припадниците на МВР ќе бидат ангажирани во поголем број, рече Чулев.

Идејата во полициски час да се користат полициските дронови за да се ловат граѓаните кои не ја почитуваат забраната, се уште не стигнала пред влада.