МВР трага по петнаесетина исчезнати лица, четири од нив се деца

Исчезнувањето најчесто се поврзува со заталкување на децата или со киднапирање. Во вториот случај, доколку биде фатен сторителот на киднапирање, можат да се откријат мотивите за ваквиот чин, но без сторител мотивите можат да бидат трговија со човечки органи или трговија со луѓе.

Митат Ибраими, Дане Мемеди и Мирсада Хелдовиќ се трите дечиња кои исчезнаа во 2010 година, а сè уште не се пронајдени. По нив сè уште се трага преку распишана меѓународна објава, но во моментов Министерството за внатрешни работи нема конкретни сознанија каде се наоѓаат децата и што се случило со нив.

Митат сега би требало да има единаесет години, Мирсада осум, а Дане е нејзин врсник. Сите се исчезнати од местата каде што живееле и оттогаш им се губи трага.

Освен нив како исчезнат во евиденцијата на МВР се води Џеладини Ренат кој е на возраст од 17 години. Во вкупната евиденција на МВР како исчезнати се водат 15 лица.

- Потрагата за овие деца додека не бидат пронајдени е активна. МВР секогаш во секој момент им стои на располагање на семејствата и на секој што би имал каква била информација што би помогнала во потрагата – велат од Министерството за внатрешни рабиту

И покрај долгата временска дистанца што е помината од денот на исчезнување на децата и доказите со кои полицијата досега располага, Котевски вели дека не може да се заклучи дали децата ќе бидат пронајдени, бидејќи секој случај е индивидуален, а за затворен се смета само оној во кој ќе биде пронајдено детето.

Агонијата на децата не престанува

Скопјани на социјалните мрежи шират информации дека низ повеќе населби оперира група од маж и жена кои се обидуваат да киднапираат деца. Во најновиот инцидент една жена е нападната додека го носела детето на лекар.

Најпрво жена со црни очила и црна коса и го одвлекувала вниманието со прашања за новите згради, додека пак мажот се обидел да и го грабне детето од количка. Таа врискала и се борела со киднаперите по што тие се откажале и побегнале иако во близина немало никој. Индицентот се случил во близина на облакодерите во Ново Лисиче. 

Случајот наводно е пријавен во полиција, а граѓаните апелираат да се расчуе насекаде бидејќи сметаат дека не се безбедни нивните деца ако киднапери оперираат сред бел ден. 

МВР смирува: нема пријава за киднапирање

Министерствто за внатрешни работи вчера излезе со официјално соопштение. Во врска со информациите кои последните денови се појавуваат на социјалните мрежи дека наводно неколку деца се грабнати или пак имало обиди за грабнувања и киднапирања на деца на територијата на град Скопје од организирана група, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги информира граѓаните и жителите на главниот град дека досега во Министерството не е пријавен ниту еден ваков случај, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, исто така, апелира до граѓаните,  доколку забележат сомнителни лица во нивните реони, во нивните улици или пак ако слушнат за вакви или слични настани веднаш да пријават на телефонскиот  број 192 или во најблиската полициска станица