МВР со нови детали, шест лица повредени во сообраќајката во Ѓорче Петров

Шест лица од кои три потешко се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа која околу 17:55 часот се случила на улицата „Лука Геров“во Скопје.

Како што информираа од МВР, дошло до судир помеѓу патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (60) од Орман, скопско и патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К. (49) од Скопје.

-По судирот, возачите Д.Т. и К.К. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани на лекување. Сопатникот од возилото „Опел астра“- А.Т. бил пренесен во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Ушта двајца сопатници од возилото „Опел астра“- Б.Т. (56), 10-годишно дете, како и 15-годишна сопатничка во возилото „Хјундаи“ се здобиле со телесни повреди, информираат од МВР.

По укажаната помош во Градската општа болница „8-ми Септември“, тие биле пуштени на домашно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.