Министерството за внатрешни работи соопшти детали за убиството кое вчера се случи во куќа на улицата „Дижонска“ во скопски Чаир.

-М.Ш.(33) од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот Ж.К. (41) од Тетово, со која биле во роднински врски, откако претходно таа го нападнала со стап. Во 23:13 часот, на пат кон Комплексот клиники “Мајка Тереза“ Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош, додека М.Ш. е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица, информираат од МВР.

Извршен е увид од страна на  Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.