МВР со детали за тешката сообраќајка кај скопскиот аеродром

На 26.04.2019 година околу 21,10 часот во Скопје, на клучка „Аеродром-Скопје“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од А. Д. (25) од Скопје и патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З. С. (58) од Куманово.

Во незгодата возачот од возилото „Фолксваген Голф“ , А.Д. и совозачот Т.М. (26) – се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.