МВР со детали за пронајдено новороденче во Топанско Поле - идентитетот на бебето и мајката се уште е непознат

Новородено бебе било пронајдено вчера во населата Топнаско Поле, потврдува МВР.

Вчера во 11:45 часот во СВР Скопје, од граѓанин било пријавено дека на бул. „Македонско-косовска бригада“, во тревник пред куќите, имало бебе кое плачело.

Од екипа на Итна медицинска помош бебето било однесено во Детската клиника и било во добра здравствена состојба.

Идентитетот на бебето и мајката се уште е непознат.

За настанот се запознаени социјални работници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.