МВР со детали за престралката во Скопје

Во 14 часот и 36  минути во ЕИК Скопје било пријавено дека две непознати лица со две возило  дошле на улицата „Фуштанска“  и започнале расправија со 27-годишниот Г.Б. по што едно од лицата извадило пиштол и пукало кон него, нанесувајќи му прострелна рана во десната надколеница и повеќе повреди во пределот на телото.

По настанот лицето кое пукало избегало, а повредениот бил пренесен и задржан на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Момчето се наоѓа во животна опасност.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.