МВР со детали за инцидентот: Пријави и за таксистот и за жената

Откако утрово на социјалните мрежи се појави видеото, се огласи и МВР, кои што посочуваат дека против двајцата учесници ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Случајот се случил во текот на вчерашниот ден триесет минути по 15 часот.

„На 24.07.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на крстосницата на бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Беласица“ се случил инцидент помеѓу З.П.(45) од Скопје и Д.С.(30) од Скопје“ , посочија од МВР.

Согласно член 11 од Законот за прекршоци ќе бидат поднесени соодветни пријави и за двајцата. 

Од видеото кое може да го погледнете подолу се забележува полу-гола жена којашто стои покрај паркирано такси возило и се обидува нешто да му направи по што дотрчува таксист кој врши насилство врз жената и ја турка на земја.