МВР се огласи: Убиец на Мартин Јанушев е едно лице

Едно лице е убиецот на Мартин Јанушев, соопшти денеска МВР.

Според МВР, убиството нема друга заднина, освен меѓусебно недоразбирање. Има напредок во истрагата, а по убиецот се трага. Досега се сослушани 35 сведоци, земени се снимки од околните камери и изјави од сведоци.

– Се работи за едно лице кое го извршило убиството. Разговарано е и направени се анализи со „Омерта агенцијата“, за да видиме дали е можно да има поврзување со настанот. Имаме релевантни информации и кога ќе се обезбедат сите докази, случајот ќе се се расчисти – рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Јанушев беше убиен во петокот пред кафулето „Ред“ во населбата Аеродром.