МВР располага за мал број обрасци, постапката за издавање е редуцирана

МВР располага само со уште 3.600 до 3.700 обрасци за патни исправи, информираше денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Како што рече тој, дел од нив ќе добијат околу 650 лица кои што аплицирале за добивање пасош по итна постапка, а останатите ќе се чуваат за приоритетни медицински случаи.

Министерот Чулев рече дека досега во МВР пристигнале околу  16.000 апликации за добивање патни исправи по редовна постапка, кои нема да може да бидат спроведени додека не дојдат новите обрасци, кои се очекува да пристигнат следниот месец.

Чулев информираше дека до доаѓањето на новите пасоши, системот за закажување термини за пасош нема да биде во функција.