МВР приведе две лица за лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол

Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР привеле две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје.

Приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од полицијата. 

Дојавата за бомба во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје била лажна, потврди Министерството за внатрешни работи, од управата на трговскиот центар информираа дека функционираат нормално, по лажната дојава утрово.