МВР: Пожарот во Радишани предизвикан од невнимание при заварување со оксигенска боца

Екипа од СВР Скопје денес ќе врши увид по вчерашниот пожар во Радишани во објект меѓу двете бензински станици. МВР извести дека пожарот е предизвикан од невнимание.

„ На 22.05.2020 во 12,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.’18’ во населба Радишани-Скопје избувнал пожар во автомеханичарски сервис од невнимание, додека Н.Р.(43) и З.Е.(29) заварувале со оксигенска боца. Притоа биле опожарени повеќе паркирани возила на плацот и три магацински простории. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје“, соопшти МВР.