МВР потврди: Во сообраќајка на скопската обиколница загина едно лице

Министерството за внатрешни работи утрово потврди дека во сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила „Застава југо“ и „Рено меган“ која се случила на обиколницата околу Скопје едно лице го загуби животот, а едно е повредено.

Вчера во 17.15 часот на обиколницата пред клучка „Радишани“, во правец од с.Стајковци кон нас. Радишани, дошло до судир помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ. (55) од Скопје и патничко возило „Застава југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д. (48) од с.Кучевиште, скопско.

Притоа, на местото на несреќата починал З.Д., а В.Ѓ. бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.