МВР Потврди: Едно лице во критична состојба, повреден полицаец

Тешка сообраќајна незгода во која е повредено едно лице се случи вчера во центарот на Скопје. Според пишувањата на медиумите станува збор за градски лик кој има работено како менаџер во повеќе ноќни клубови. Во сообраќајната незгода со телесни повреди се здобил и полицски службеник, информира Минисерството за внатрешни работи.

Вчера во 18.24 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Шкода Јети“, сопственост на МВР на Р.М., управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир  и мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. (35) од Скопје.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му бил извршен оперативен зафат и се наоѓа во критична состојба.

Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и истиот бил задржан во Ургентниот центар. По наредба на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.