МВР: Осум простории опожарени во пожарот кај Пржино

Вчера околу 16,50 часот во Скопје на ул.„Баница“ настанал пожар во зграда, при што се опожарени осум подрумски простории кои една аптека ги користела како магацински простор.

Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено во Клиниката за токсикологија, информираат од МВР.