МВР ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете “

Министерството за внатрешни работи информираше дека Секторот за внатрешни работи Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.А (17) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете “, казниво по член 200 од Кривичниот законик.

Таа, на 14.05.2019 година околу 11.00 часот на булевар ,,Македонско Косовска Бригада“, своето новородено машко бебе го однела и го оставила на земја во близина на нејзината куќа. Новороденчето било пронајдено од случаен минувач кој повикал Итна медицинска помош, по што бебето било префрлено на Клиниката за детски болести – Скопје, каде било прегледано и било констатирано дека се наоѓа во добра здравствена состојба.

По Наредба од Основно јавно обвинителство – Скопје, била извршена споредбена ДНК анализа на А.А со новороденчето и било утврдено дека таа е мајка на новороденчето. После тоа, бил известен и стручниот интервентен тим од Јавна установа – Меѓуопштински Центар за социјални работи – Скопје за нивно понатамошно постапување.

Air Zoom Pegasus 35