МВР: Издадено 91 решение за изолација

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјава за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај, едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.