МВР испитува дали четирите сини таблети во сендвичот на родилката се дрога!?

Несекојдневен и невообичаен настан деновиве ги вознемири и пациентите и вработените во најголемото родилиште во земјава, скопската Клиника за гинекологија, бидејќи родилка по породувањето на Клиниката добила седвич во кој што имало 4 таблети со сина боја.

Во моментоив на случајот работат инспекторите на МВР, бидејќи тие веднаш биле информирани и повикани да се справат со настанатата ситуација.

– Во тек е вештачењето на таблетите, за да се утврди за што точно станува збор, по што ќе се знае како понатаму ќе се решава случајот – велат од МВР за ВЕЧЕР.

Според Викторија Јовановска, директор на ГАК, се работи за 33-годишна родилка кој седми пат се породува и која не знаела во кој месец е од бременоста. Нејзината здравствена состојба е добра, но бебето кое има вродена инфекција е сместено на интензивна нега.

– Поради сериозноста на случајот веднаш пријавивеме во МВР за да се види за каков вид на таблети станува звор. Исто така родилката не знаеше во кој месец е бремена, нема податок за последен менструален циклус, ниту пак посетувала гинеколог. Но според нашите педијатри бебето е созреано, тешко 2.500 грама и не е евидентирано како предвреме родено – вели Јовановска и појаснува дека се работи за неконтролирана бременост по што бебето веднаш било однесено на интензивна со вродена пневмонија.

Јовановска дополнува дека родилката е во добра здравствена состојба и со неа работат социјални работници, бидејќи таа самата во изјавата пред медицинските лица навела дека не го знае таткото на детето.

Во немилиот настан се вклучени и тројцата непознати мажи кои ја донеле храната и кои најверојатно ја познавале родилката. За ова пред МВР сведочеле и дел од вработените на ГАК, кои се пожалила дека трите лица биле агресивни и барале сендвичот да стаса до мајката. Тие се расправале со обезбедувањето на клиниката и насилно сакале да влезат внатре.

На Гинекологија е забрането да се внесува храна од надвор, но родилката барала сендвич бидејќи наводно била многу гладна, а не го сакала јадењето што се нудело во болницата.