Вчера околу 17,00 часот на потегот од с.Орман-скопско, кон гробиштата во с.Никиштани-скопско, избувнал пожар при што била опожарена нискостеблеста шума и трева, а огнот се ширел кон куќите на с.Никиштани.
Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита беа преземени мерки за локализирање и гаснење на пожарот се вели во соопштението на МВР.