МВР го расчистува синоќешното пукање на плоштадот Скендербег - ДУИ ја прослави победата со истрели од огнено оружје

Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на расветлување на случајот од плоштадот „Скендербег“ синоќа каде што ДУИ ја прослави победата со истрели од огнено оружје.

„Се преземаат мерки и активности и работиме на расчистување на случајот“ велат од Министерството.

На прашањето зошто на самото место на настанот не реагираа полициските службеници кои беа присутни додека симпатизерите на ДУИ пукаа цели шаржери во воздух, од МВР велат не е точно дека не се реагирало и дека се преземаат мерки. За пукање со огнено оружје следи прекршочна постапка бидејќи станува збор за нарушување на јавниот ред и мир. Дел од куршумите завршија на долниот дел од катот на плоштадот, па парчиња бетон паѓаа врз новиот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и врз Бујар Османи.