Љубителите на добрата музика на 19 ноември во „Метрополис арена“ во Скопје уште еднаш ќе имаат привилегија да уживаат во познатите хитови на бендовите кои веќе неколку децении жарат и палат на Балканот. Метрополата уште еднаш ќе биде домаќин на добро познатиот бенд „Црвена јабука“, легендарниот „Ван Гог“ и „Рибља чорба“.

– Скопје е зависно од добра музика, па токму и поради таа причина се одлучивме да ги донесеме овие веќе добро познати бендови на македонската публика. Со оглед на нивниот репертоар, ви ветуваме одлична шестчасовна забава во „Метрополис арена“ – велат организаторите на овој музички настан.

Цената на влезниците ќе изнесува 350 денари, а истите може да се купат на „купикартизасе.ком“. Овој концерт носи наслов „Скрим мјузик најт“.