Музичка бомба: „Гус гус“ доаѓаат во Скопје

Исландскиот електро бенд „Гус Гус“ на 22 април доаѓаат во Скопје - оваа информација на својот facebook профил денес ја соопшти Win Music Freedom. 

Бендот е основан во 1995 година во Рејкавик,Исланд. Позади себе имаат издадено 9 албуми. Публиката ги памети по хитовите: David, Over, Arabian Horse, Within You и многу други. 

Повеќе детали за концертот организаторите најавуваат за наскоро.