Музејска изложба „25 години Армија на Република Македонија“

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе ја отвори музејската изложба „25 години Армија на Република Македонија“ по повод 18 август - Денот на АРМ.

На отворањето на изложбата во Воениот музеј во Скопје, како што е најавено, ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, високи претставници во Министерството за одбрана и АРМ, амбасадори и одбранбени аташеи во Република Македонија.

Изложбата содржи фотографии, воена опрема, оружје и ексклузивитети од вооружувањето на специјалните единици од 25-годишниот историјат на АРМ.

Фотографиите се дел од архивата на Одделението за медиа и мултимедијални работи, Канцеларијата за односи со јавност при ГШ на АРМ и од Воениот музеј.