Музеј на град Скопје со изложбата „Скопската тврдина-симбол на градот“ гостува во Нови Сад

Музејот на град Скопје по повод 70 – годишнината од своето постоење, со изложбата „Скопската тврдина- симбол на градот“, гостува во Музејот на град Нови Сад, Петроварадинска Тврдина, Република Србија. Изложбата ке биде отворена на 4 септември 2019 година. Автори на изложбата се кустосите д-р Снешка Лакалиска, Драгица Живкова и м-р Игор Кузманоски.

На изложбата ќе бидат презентирани 110 предмети кои ги отсликуваат различните аспекти од животот на Скопското Кале во средновековниот и османлискиот период, со акцент на керамичкиот материјал. Изложените предмети го покажуваат богатиот културен живот на Скопското Кале, но и влијанијата од развиените средновековни културни центри.

Преку претставените артефакти, културната јавност во Нови Сад ќе има можност поблиску да се запознае со нивната естетска, духовна и практична вредност. Изложбата ќе биде отворена до 04.10.2019 година.