Жозе Мурињо со фантастичен гест го напушти теренот на „Филип Втори“ подарувајќи го својот освоен медал на едно младо момче на трибините, но ако првично ваквиот потег на Португалецот беше протолкуван како навистина одличен и примерен, самиот тој остави еден друг впечаток на прес-конференцијата.

– Понекогаш го подарувам медалот и кога победувам. За тоа дете, ова ќе биде нешто неверојатно, остварување на сонот. Мене не ми значат ни кога победувам, а замислете како ми е кога губам, – со насмевка и сарказам истакна Мурињо.