Во МКЦ на 5-ти декември, ќе се одржи концертна и ЛП промоција на музичкиот проект Мугер Фугер + ГоТра – „Во ова време“.
Еден од најважните македонски музичари, Горан Трајкоски, („Падот на Византија“, „Анастасија“, „Мизар“) и бендот „Мугер Фугер“, на домашен терен ќе ја резимираат нивната десет годишна соработка.
Вратите на настанот ќе бидат отворени во 20:00 часот, а почетокот на концертната промоција е закажан за 21:00 часот. Влезот е слободен.