Мудрости кои вечно ќе ги помните: „Секој човек е виновен за сето добро кое не го направил!“

„Зарем не е чудно тоа што од ден во ден ништо не се менува, но кога ќе погледнеме назад сфаќаме дека сѐ се променило? – К.С Луис

„Кога бев дете и кога ќе видев страшни работи на вестите, мојата мајка ми велеше: „Барај ги оние кои помагаат. Секогаш ќе најдеш луѓе кои помагаат.“ – Фред Роџерс

„Постојат три работи од кои се плаши мудриот човек: море за време на бура, ноќ без месечина и бесот на добриот човек.“ – Патрик Ротфус

„Дајте му маска на човекот и тој ќе ви го покаже вистинското лице.“ – Оскар Вајлд

„На аеродром ќе видите поискрени бакнежи отколку во салите за венчање. Ѕидовите во болниците имаат слушнато повеќе искрени молитви од ѕидовите во црквите.“ – Непознат автор

„Кога сте добри во нешто, тоа ќе им го кажете на сите. Кога сте извонредни во нешто, другите тоа ќе ви го кажуваат на вас.“ – Валтер Пајтон

„Знаевме дека светот повеќе нема да биде ист. Неколку луѓе се смееја, неколку луѓе плачеа.  Повеќето луѓе молчеа. Се сетив на еден стих од еден хиндуистичка приказна: „Сега станав смрт, уништувач на светови.“ Верувам дека сите го мислевме тоа, на еден или друг начин.“ – Џ. Роберт Опенхајмер, по нуклеарниот тест.

„Секој човек е виновен за сето добро кое не го направил.“ – Волтер

„Дури откако последното стебло ќе биде исечено, дури откако последната река ќе биде затруена, дури откако последната риба ќе биде уловена... Дури тогаш ќе сфатите дека парите не можат да се јадат.“ – Пророштво на американското индијанско племе Кри

„Некои луѓе умираат на 25 години, а не ги закопуваат сѐ до 75 година.“ – Бенџамин Френклин

„Ја сакав, а понекогаш и таа ме сакаше мене.“ – Пабло Неруда, „Најтажната песна“

„Биди понизен затоа што си создаден од земја. Биди племенит, затоа што си создаден од ѕвезди.“ – Народна изрека

„Бродот на брегот е сигурен, но тоа не е она за кое се направени бродовите.“ – Адмирал Грејс Хопер

air max 90 essential sale