Мудреците препорачуваат никому да не ги кажувате овие работи!

Овој свет, иако е заснован на вистина, сепак бара и рамнотежа, па затоа мудрите луѓе нѐ предупредуваат дека постојат некои работи кои сепак е најдобро да ги задржиме за себе.

Прво, не ги кажувајте вашите долгорочни планови. Обидете се да молчите се додека не почнат да ви се остваруваат. Сите наши идеи не само што се несовршени, туку имаат и доста слаби места каде е лесно да се нанесе удар и да бидат разрушени.

Второ, не зборувајте за доброто што го правите – тоа е реткост на оовј свет и затоа треба да се чува како очите. Не се фалете поради добрите дела. Гордоста веднаш ќе го препознае тоа.

Трета работа за која не треба да зборувате е вашиот аскетизам. Не зборувајте за вашите ограничувања во исхраната, за сексуалните односи и сл. Физичкиот аскетизам носи корист само ако е во кобминација со емоционалната компонента.

Четврто, молчете за вашата храброст и јунаштво. Во животот некој добива надворешни, а некој внатрешни предизвици. Надворешните се видливи, затоа луѓето добиваат награди за нив, но никој не го гледа надминувањето на внатрешните предизвици, а со тоа ги нема и наградите.

Петто, не зборувајте за семејните проблеми. И генерално за својот приватен живот. Запомнете, колку помалку зборувате за проблемите во вашето семејство, толку тоа ќе биде посилно и постабилно. Карањето е ослободување од негативна енергија која се насобрала во процесот на комуникација.

И шесто, не зборувајте за грдите зборови и озборувањата кои ги слушате во текот на целиот ден. Можете да ги извалкате чевлите на улицата, но исто така и совеста и потсвеста можат да бидат извалкани. И човек кој се враќа дома и ги прераскажува сите глупости кои ги чул во текот на денот, по ништо не се разликува од човекот кој влегол во дома со извалкани чевли.