Мудра приказна: Зошто скромноста е една од најголемите доблести?

 

Ова е приказна за 3 жени и за тоа како делата секогаш кажуваат повеќе од обичните зборови.

Кога се сретнале трите жени кои тргнале по вода, две од нив почнале да се фалат дека синовите им се силни, високи, убави. Така во круг.

Третата не зборувала ништо. Кога другите ја прашале каков е нејзиниот син, таа рекла дека е млад и обичен како и сите други млади луѓе.

Кога се враќале кон своите домови, со тешките стомни на грбот, едната од нив рекла: Слушајте како пее мојот син.

Втората пак рекла: погледнете колку е убав мојот син, исто како што ви зборував. Сега можете и да се уверите.

Третата жена не рекла ништо. Но, додека тие зборувале, дотрчал нејзиниот син и го земал тешкиот товар од грбот.