Мудра приказна: Животот ни го враќа само тоа што му го даваме

Еден татко со својот син тргнал на прошетка во планината. Одеднаш, синот се сопнал на еден корен и паднал на земјата викајќи „ајјј”.

Од далечината се слушнал истиот крик. Ааааааај.

Синот толку бил сосредоточен на тоа што го слушнал, така што заборавил на болката која ја чувствувал. Почнал да прашува кој е таму. Го добил истиот одговор.

„Коој е тамуууу?”

Станал бесен и викнал „Кукавиицоо”, но за возврат го слушнал повторно истиот збор.

„Кукавиицоо”!!!

Гледајќи во таткото, прашал што се случува.

Таткото, пробувајќи да објасни, почнал да вика:

„Ти сиии прекрасееен”.

Од далечината се слушнал истиот глас. „Ти сиии прекрасееен”.

Таткото повторно викнал:

„Тииии благодараааам”. Повторно се слушнал истиот глас.

Потоа, таткото рекол: Сине, луѓето ова го нарекуваат ехо. Но, тоа всушност е животот.

Животот ти го враќа тоа што му го даваш. Тој е огледало на твоите зборови и на твоите дела. Ако сакаш повеќе љубов, давај љубов. Ако сакаш добри работи, прави добри работи. Сакаш разбирање и почит, давај го истото. Разбирај ги другите и почитувај ги.

Ова правило се однесува на сите аспекти од живеењето. Животот ни го враќа тоа што го даваме. Тој не е случајност, туку огледало на нашите дела.

cheap nike free run 5.0