Мудра приказна за злобата и омразата: Сè додека не ги прифаќате, тие и припаѓаат на личноста која ви ги донела

Многу одамна живеел еден стар, мудар самурај. Тој имал своја група ученици кои ги учел на различни мудрости, но и вештини за војување.

Еден ден, на обуката  дошол еден од младите војници, познат по својата грубост. Неговата омилена тактика била провокацијата, тој често ги навредувал оние со кои се борел, по што го губел своето трпение и често ги губел борбите. Така било и овој пат.

Пробал со неколку навреди да го испровоцира мудриот самурај. Но, самурајот останал смирен. Така се случило неколку пати по ред. На крајот, војникот лут си отишол од обуката.

Останатите ученици внимателно ја набљудувале таквата ситуација. По заминувањето на грубиот и нетрпелив војник, еден од младите војници прашал:

  • Учителу, зошто ги толериравте неговите навреди? Требаше да го предизвикате на борба.

Мудриот самурај прашал:

  • Кога некој ќе ви донесе подарок, и вие не го прифатите, каде ќе заврши таквиот подарок?
  • Кај неговиот сопственик, одговориле во еден здив војниците.
  • Истото важи и за нетрпението, злобата,  бесот и омразата. Сè додека не ги прифаќате, тие и припаѓаат на личноста која ви ги донела.  

 

nike free run 5.0 cheap