Му впериле пиштол, 17-годишник ограбен пред неговиот дом

Со закана со пиштол, две непознати лица одзеле мобилен телефон и рачен часовник од седумнаесетгодишник синоќа во Скопје, соопшти МВР.

Таткото М.И. (51) го пријавил во полиција грабежот што се случил пред неговата куќа врз неговиот син.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.